Петар Печков
Објавено: понеделник, 28 јануари 2013
Добиле сметка за лице кое живее во стан, каде редовно се плаќаат сметките а тоа никаде не фигурира дека е корисник на станот. Ова се случува во Велес а блиските на лицето реагираат зошто сметката стигнува на негово име, кога сопственикот на станот редовно ја плаќа таксата.
Во станот кој е сопственост на неговата ќерка, живее татко и. Таа редовно си ја плаќа сметката а од пред еден месец, почна и тој да добива сметка за радиодифузна такса. Нас не чуди еден момент, како од МРТВ дознале дека тој е тука станар, кога никаде не фигурира неговото име, во ниту еден документ а над се, сметките редовно се плаќаат. Бараат да плаќаме двојно. Но најмногу од се ме запрепасти моментот што ова Јавно претпријатие има информација која никаде не постои на хартија. Како е можно – велат блиските на лицето кое живее во станот.
Од ЈП МРТВ кратко изјавија дека е потребно до изјава дека сопственикот на станот редовно ја плаќа таксата, да се јават во УЈП и ќе се отстранат нејаснотиите. Не одговорија како дознале дека лицето живее таму, а тој никаде не фигурира дека е станар, во станот на ќерка си.
Tweet |